Индија пред суспензија од страна на ФИФА

27.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Индија пред суспензија од страна на ФИФА

ФИФА официјално ѝ се закани на Индиската фудбалска федерација со исклучување од сите меѓународни натпреварувања, и на клупско и на домашно ниво, поради одложувањето на почетокот на сезоната 2025/26 на индиската Супер лига. Причината за тоа е проблемот со приватен спонзор кој што има финансиски спор со азиската конфедерација. 

Во писмо до претседателот на ФИФА, Калјан Чобеј, ФИФА изрази длабока загриженост поради недостатокот на документација. Азиската фудбалска конфедерација, исто така, повика на итно решавање на проблемот, велејќи дека „недостатокот на почитување на календарот не ни остава друг избор освен да го упатиме прашањето до ФИФА“.

Во 2022 година индискиот фудбалски сојуз имаше исто така проблем, и тогаш беше сусоендирано раководството, а водењето на сојузот му беше доверено но административно тело.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата