Поранешниот тренер на Милан, Серхио Консеисао е нов тренер на Ал-Итихад. Веста ја објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Поранешниот тренер на Милан и Порто потпишал договор со клубот од Саудиска Арабија до јуни 2027 година. Во Ал-Итихад, 50-годишниот Португалец го замени Лоран Блан, кој беше отпуштен кон крајот на септември.
По 4 кола, Ал-Итихад, за кој игра Карим Бензема, е на 3-то место во првенството на Саудиска Арабија.