Гарсија: Белгија ќе ги заврши квалификациите за СП 2026 без Тилеманс и Лукаку

8.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гарсија: Белгија ќе ги заврши квалификациите за СП 2026 без Тилеманс и Лукаку
фото: Belgian Red Devils (X)

Повредата на листот на Јури Тилеманс се покажa посериозна од очекуваното.  Селекторот на Белгија, Руди Гарсија стравува дека играчот од средниот ред ќе ги пропушти репрезентативните настапи во квалификациите за СП 2026 до самиот крај.

Белгија за мечот со Македонија в петок е без Тилеманс, но и без најдобриот стрелец на сите времиња во селекцијата, Ромелу Лукаку, кој е отсутен поради повреда исто како и Јури Тилеманс. Лукаку ќе биде надвор од терените и во ноември поради сериозноста на повредата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата