Хојлунд се чувствува изневерен од Манчестер Јунајтед: Подобар сум од Шешко!

2.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хојлунд се чувствува изневерен од Манчестер Јунајтед: Подобар сум од Шешко!
фото: Manchester United (X)

Расмус Хојлунд е разочаран што Манчестер Јунајтед реши да го отпише и да го прати на позајмица во Наполи. Во последниот ден од преодниот рок, Наполи го доведе Данецот на позајмица за 6 милиони евра со опција за откуп од 44 милиони евра.

Според „Атлетик“, Хојлунд бил „скршен“ што неговиот сон да игра за Јунајтед завршил на 22-годишна возраст. На почетокот на сезоната, Данецот очекувал да остане во клубот.

Хојлунд исто така верува дека е подобар од Бенјамин Шешко, кого Манчестер го купи ова лето.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата