Барселона до јануари има само една цел – продолжување на договорите на Де Јонг и Гарсија

2.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барселона до јануари има само една цел – продолжување на договорите на Де Јонг и Гарсија
фото: Barça Universal (X)

Откако се затвори трансфер пазарот, раководството на Барселона постави цели кои мора да ги завши до почетокот на зимата. Според пишувањето на весникот „Марка“, следната операци се смета за „фундаментална“ за „блауграна“ во рамките на спортското планирање и истата се состои од продолжување на договорите на фудбалерите Френки де Јонг и Ерик Гарсија.

Според весникот, каталонскиот клуб започнал контакти за продолжување на договорите на именуваните играчи пред неколку месеци. Преговорите се одвиваат споро, но одат во добра насока, па од Барселона се се оптимисти дека се може да се заврши до јануари.

Де Јонг е член на Барселона од летото 2029 година. Тековниот договор на играчот со клубот е до крајот на сезоната, кога завршува и договорот на Гарсија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата