И тоа го има во САД: На Лендон Донован му „залепија“ перика во живо (ВИДЕО)

23.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И тоа го има во САД: На Лендон Донован му „залепија“ перика во живо (ВИДЕО)

Легендарниот американски фудбалер, Лендон Донован е во центарот на вниманието во САД, откако се реши во живо да го реши проблемот со опаднатата коса.

Донован, кој што одамна е пензиониран од активното играње фудбал, низ годините ја загуби природната коса. Потоа се реши за класична трансплантација, која што за жал не ги дала посакуваните резултати, и тој повторно што се вели остана без фризура.

Па така, кога веќе немаше друга опција, а по „договор“ со фановите на социјалните мрежи, Лендон Донован одлучи да си стави перика на главата.

И тоа не било каква туку од највисок квалитет, како што и самиот рече. Целата процедура Донова, на класичен „амерички“ начин се одлучи да ја сними во живо и да ја сподели со светот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата