„Ел Класико“:Мбапе против Јамал! Реал VS Барса – Титаните на мегдан! (ФОТО)

26.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Ел Класико“:Мбапе против Јамал! Реал VS Барса – Титаните на мегдан! (ФОТО)
ФОТО: La Liga/FB

Реал Мадрид VS Барселона попладне од 16.15 часот на „Сантијаго Бернабнеу“. Време е за уште едно „Ел Класико“, време е за уште еден дуел меѓу најголемите клубови во светот.

Кога играат Реал и Барса во светот на спортот ништо друго не е важно. Кога на програмата е „Ел Класико“, тоа е фудбалски празник.

Реал Мадрид по пет порази во низа, конечно сака победа над вечниот ривал. Минатата сезона Барса го “мачкаше“ Реал како сакаше. Прво на пријателската во САД, потоа двапати во Ла Лига, па во Супер Купот и во финалето на Копа Дел Реј.

Јамал и другарите просто си се поигруваа со „Кралевите“. Мбапе едноставно не можеше ништо да стори.

Сега е нешто друго. На клупата на Реал сега е Чаби Алонсо, вечерва поради казната на клупата на Барса ќе го нема Ханси Флик. Барса е ужасно ослабната, речиси пола од стандардниот состав нема да игра поради повреда.

Ова „Ел Класико“ е нешто поинакво и поради Ламине Јамал и неговите неприкладни зборови за Реал, и по вторпат. Јасно е дека младата мега – ѕвезда ќе биде пречекана на „Бернабеу“ како најголем душман, но таа “приказна“ како да му даде уште поголем набој на овој натпревар.

Ова е дуел на екипи кои заедно вредат неверојатни 2,5 милијарди евра.

Мбапе, Вини, Белингам…против Јамал, Педри, Феран Торес, се очекува од овие момци попладне да го восхитат фудбалскиот свет по којзнае кој пат.

Во однос на табелата Реал Мадрид е лидер со 24 бода, Барса е втора со 22. Јасно е дека денеска кој и да победи нема да се реши ништо, но ако “Кралевите“ успеат да триумфираат и дојдат до +5 бода во однос на Барса, е тогаш каталонците ќе си имаат проблем.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата