Логично размислување на тренерот на Челзи: Ако не можеш да победиш, барем не треба да изгубиш

26.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Логично размислување на тренерот на Челзи:  Ако не можеш да победиш, барем не треба да изгубиш

Тимот на Челзи вчера на домашен тере загуби од тимот на Сандерленд со 1:2. И тоа на најлошиот можен начин. Со гол примен во третата минута од судиското продолжение, кога по една долга топка по која реализираше мароканецот Талби. А се требаше да биде добро за тимот од Лондон вчера затоа што „Сините“ поведоа по само четири минути игра на мечот, преку голот на Гарначо. Сепак, Исидор изедначи во 22. минута, а на крајот домаќинот остана и без тој еден бод.

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска реално ги прокоментира нештата по последниот свиреж.

„Севкупно, не игравме добро и кога тоа се случува во Премиер лигата, последиците се сериозни. Ако не можете да победите, барем не треба да губите“, рече Мареска по натпреварот.

„Вториот гол не беше од контранапад, туку од долг пас кој не можевме правилно да го одбраниме. Првиот дојде од аут линијата, шест или осум нивни играчи беа во шеснаесетникот. Беше тешко. Едноставно не бевме на нивото на кое требаше да бидеме.Ни недостасуваше креативност. Освен голот, речиси и да не создадовме шанси. Секој треба да игра на 100%. Дури и при 1-0, губевме дуели, а против таков противник треба да биде обратно.За да бидете на врвот, потребна ви е конзистентност. Четири победи по ред можат да го покажат тоа. Сепак, генерално, мислам дека игравме многу подобро до овој натпревар.“ – рече Мареска.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата