Челзи во финишот успеа да направи пресврт против Кристал Палас

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Челзи во финишот успеа да направи пресврт против Кристал Палас

Екипата на Челзи успеа да впише победа на гостувањето кај Кристал Палас од 3:1 во рамките на 24.коло на Премиер лигата. Палас дојде во предност со прекрасниот гол на Џеферсон Лерма во 30 минута. Еквадорскиот играч за врска го надмудри Каиседо и „распали“ од далечина и топката заврши во мрежата на Петровиќ.
Челзи го изедначи резултатот во 47 минута преку Конор Галагер. Истиот играч во 91 минута го погоди голот за пресврт. Кога беше јасен победникот, Енцо Фернандез даде гол за да заокружи на 1:3.
Челзи по двата порази од Ливерпул (4:1) и Вулверхемптон (4:2) сега освои бодови, а и понатаму се на 10-тото место на табелата, сега со 34 бодови.

Палас го впиша 12-тиот пораз и има 25 бода на 15-тото место. Исто така Палас уште од октомври 2017 година си реди порази од Челзи. Односно, Челзи има 13 победи по ред против Кристал Палас и тоа е единствениот случај во историјата на лондонскиот клуб.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата