Чаби веќе пишува историја: Само трет тренер на Реал кој почнал со 5 од 5!

20.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чаби веќе пишува историја: Само трет тренер на Реал кој почнал со 5 од 5!
фото: Real Madrid C.F.(X)

Новиот предводник на Реал (М), Чаби Алонсо се израмни со достигнувањата на Хозе Квиранте и Вандерлеи Луксембурго, кои досега беа единствените кои на клупата на Реал (М) имаа по пет последователни победи на стартот на една сезона во Ла Лига.

Реал Мадрид го победи Еспањол со 2-0 денес во петтото коло од Ла Лига и ја продолжи серијата победи во Шпанија. Алонсо стана третиот тренер во историјата на „Лос Бланкос“ кој ги добил своите први пет лигашки натпревари.

Квиранта го постигна ова во 1929 година, а Луксембурго во 2005 година.

Во историјата на Ла Лига имало само 11 вакви стратези кои со своите екипи почнале со серија од пет победи во новите сезони.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата