Чаби е тренер на месецот во Ла Лига (ФОТО)

8.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чаби е тренер на месецот во Ла Лига (ФОТО)
фото: Real Madrid C.F. (X)

Чаби Алонсо е прогласен за тренер на месецот во Ла Лига за август.

Реал Мадрид, под водство на новиот тренер, го заврши месецот на 1-вото место на табелата во лигата со 9 бода, победувајќи на сите три натпревари.

„Белите“ ги победија Осасуна (1:0), Овиедо (3:0) и Мајорка (2:1).

Алонсо беше избран за тренер на месецот во конкуренција на Ернесто Валверде (Атлетик) и Маноло Гонзалез (Еспањол).


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата