Фудбалерите на Милан им приредија големо непријатно изненадување на своите навивачи, откако вечерва едвај извлекоа бод на домашен терен на мечот со екипат на Пиза. „Росонерите“ кои се искачија на чело на Серија А пред неполна недела, имаа стартно водство во дуелот со Пиза, но дозволија гостите комплетно да го свртат мечот и на крајот „миланезите“ мораа да спасуваат „жива глава“.
Со голот на Рафаел Леао, Милан дојде во водство уште во 7-та минута (ВИДЕО), но потоа не се потруди да го реши мечот и дозволи гостите да им се вратат комплетно. Во вториот дел Пиза успеа преку Куадрадо да израмни на 1:1 во 60-тата минута од пенал, а со голот на Нзола во 86-тата минута дури и да дојде до комплетен пресврт и водство од 1:2.
Бод за „росонерите“ донесе Атакаме со голот во 93-тата минута (ВИДЕО).

