Лео Меси постигна два гола на натпреварот против Нешвил во плејофот на МЛС лигата, од кој едниот навистина раритетен – со глава. Напаѓачот на Интер Мајами постигна голови во првиот натпревар од воведното коло од плејофот во МЛС.
Во 19-тата минута, 38-годишниот Аргентинец постигна гол со глава по додавањето на Луис Суарез, а во 96-тата минута и по вторпат го матираше противничкиот голман.
Со овие два погодока, Меси стана најдобар стрелец во лигата со 29 гола.
Messi with the diving header 💥
(via @MLS)pic.twitter.com/faJ9F1BUuv
— B/R Football (@brfootball) October 25, 2025

