Незапаметена количина пари запленета на граничен премин со Црна Гора

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Незапаметена количина пари запленета на граничен премин со Црна Гора

Цариници денеска на граничен премин Шпиља кон Црна Гора, заплениле скоро половина милион евра, соопштила Управа на царина.

Како порано соопштила Царина на Србија, прекршајот е откриен на влез во Република Србија од правец на Црна Гора во автомобил со кој управувал турски државјанин, а кој на средба со цариниците пријавил дека кај себе има 8.000 евра.

Набрзо е откриено дека скоро сите празнини во автомобилот исполнети со непријавени пари, се додава во соопштението.

Утврдено е дека станува збор за дури 562.805 евра, воглавно во апоени од 50, 20 и 10 евра. Сите пари биле уредно сложени и запакувани воп големи пликови кои биле наредени под тапацирот на подот, страниците на возилото, резервното тркало, како и под седиште. Дел од парите откриени се во преграда за документи пред совозачкото седиште...

На прашањето каде тргнал со толкава непријавена количина пари, патникот молчел.

За ваков несекојдневен девизен прекршок, веднаш е известена полицијата и обвинителството, со што после одлука на јавниот обвинител наредено е возачот да биде уапсен, а откриените пари и возилото предадени се во надлежност на УБПОК за спроведување на кривична постапка.

 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата