Во последните 24 часа регистрирани се 40 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 549 тестови.
Распоредот на новозаболените по градови е следен:
Скопје – 26
Тетово – 10
Куманово – 1
Прилеп – 1
Битола – 1
Велес – 1
Истовремено, 11 пациенти се излекувани, а регистриран е и еден смртен случај. Почина пациент од Велес.
Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 1.898.
Излекувани се 1378, а починале 111 пациенти.
Извор: Алсат-М