Инспекторат за земјоделие: Увозот и извозот на земјоделски производи без застој

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инспекторат за земјоделие: Увозот и извозот на земјоделски производи без застој

Државниот инспекторат за земјоделство од 15 март до денес изврши 4.100 фитосанитарни прегледи, при што се овозможи и во вонредна состојба извозот и увозот на земјоделски производи да се одвива без било каков застој.

Од инспекторатот соопштија дека сите погранични пунктови, како и пунктовите во внатрешноста на државата секојдневно работат.

„Правните лица кои го вршат извозот и увозот во Република Северна Македонија истакнаа дека се задоволни од ефикасноста на работењето на инспекторите кои даваат значаен придонес во пласманот на домашните земјоделски производи. Само денес до 16 часот на граничниот премин Табановце извршени се 87 фитосанитарни прегледи, од страна на инспекторите на Државниот инспекторат за земјоделство“, се наведува во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата