ТРАГЕДИЈА: Девојка сакајќи да направи селфи загинала

13.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГЕДИЈА: Девојка сакајќи да направи селфи загинала

Маријалин Дејвис од местото Линколн почина од повредите оваа недела по падот во заливот Дајмонд во Сиднеј. Брзата помош пристигнала на местото на несреќата по повик  од страна на луѓе кои виделе како девојката се фотографира надвор од оградата и паѓа од карпата.

Брзата помош била повикана на местото на настанот околу 6:30 часот по локално време, а нејзиното тело било извадено од морето неколку часа подоцна. На карпите на заливот има знаци кои ги предупредуваат луѓето да не се приближуваат кон работ, а тамошниот градоначалник рече дека поставиле и повисока ограда.

Според профилите на социјалните медиуми, Дејвис била козметичарка и модел. Пред да замине за Австралија, таа била на одмор во Тајланд и на  Бали.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата