ЛЕЈДИ ГАГА КОНЕЧНО СЕ ПРИЗНА: Цела година се зборува дека е во врска со Бредли Купер, а таа сега проговори

7.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛЕЈДИ ГАГА КОНЕЧНО СЕ ПРИЗНА: Цела година се зборува дека е во врска со Бредли Купер, а таа сега проговори

Режисерското деби на Бредли Купер , филмот „A star is born“, во кој глуми пејачката Лејди Гага, сe уште е една од главните теми, а сето тоа заради наводите дека двајцата се впуштиле во љубовна афера за време на снимањето.

Ваквите тврдења дополнително се поттикнати од фактот дека и актерот и пејачката ги прекинаа претходните врски. Бредли се раздели од манекенката Ирина Шајк, а Гага го остави свршеникот Кристијан Карин.

Сепак, Лејди Гага реши конечно да зборува на оваа тема што го цела година го интригира целиот свет.

„Да бидам искрена, мислам дека медиумите забегаа. Направивме вистинска љубовна приказна! Сакавме луѓето да веруваат дека сме заедно. На Оскарите сакавме да ја пренесеме љубовта преку камерата и вежбавме со денови. Се беше оркестрирано “, рече Гага

„Мислам дека направивме добра работа“, додаде таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата