Голем пожар кај с. Селце, евакуирани 500 ученици кои биле на екскурзија

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голем пожар кај с. Селце, евакуирани 500 ученици кои биле на екскурзија

Големиот пожар избувнал денеска во борова шума во селото Селце во близина на манастирот Свети Димитрија. Пожарот бил  причина да бидат евакуирани 500 ученици кои биле на екскурзија.

Наставниците го забележале пожарот, по што веднаш ги информирале надлежните и безбедно го напуштиле местото. Пожарот до манастирот е ставен под контрола, но и натаму гори огромен дел од Селечка Планинја.

Во моментов пожарникарите се на терен и се борат со оганот.

За брзо време пристигна возило на ТППЕ кое беше поставено во дворот на манастирот Св. Димитрија, затоа што пожарот веќе беше стигнат на педесетина метри од манастирот. Од Дирекцијата за заштита и спасување веднаш побаравме воздушна поддршка за гаснење на пожарот, стапивме во контакт и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјавил градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата