(Видео) Објавен првиот трејлер за „Топ ган: Маверик“ со Том Круз

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Објавен првиот трејлер за „Топ ган: Маверик“ со Том Круз

Том Круз (57) се појави во четвртокот на Коник-кон, за да го прикаже првиот трејлер од долгоочекуваното продолжение на  „Топ ган“.

„Топ ган: Маверик” треба да почне да се прикажува во јуни 2020 година, а воениот пилот на Круз повторно ќе се појави по 30 години од прикажувањето на оригиналниот филм кој го претвори американскиот актер во светска ѕвезда.

Во инсертот се појавува Круз облечен во гламурозната кожена јакна на Пит „Маверик“ Мичел, додека се трка на мотоцикл и управува со борбен авион летајќи низ тесен кањон исполнет со снег.

Во продолжението учествуваат актерите Мајлс Телер, како син на пилотот Гус кој го играше Ентони Едвардс и кој беше убиен за време на вежба во првиот филм.

Во филмот „Топ ган: Маверик” глумат и Џон Хам, Ед Харис и Вал Килмер, повторно во улогата на ривалот на Маверик, Ајсмен.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата