Краставицата мора да биде права, бананата не пократка од 14 см: Ова се најбизарните правила на ЕУ!

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Краставицата мора да биде права, бананата не пократка од 14 см: Ова се најбизарните правила на ЕУ!

Државите членки на Еу ќе гласаат на изборите за Европскиот парламент. Како и пред секои избори каде било во светот, политичарите користат разни методи во кампањите, а свое место во медиумите добиваат теми за кои многумина не знаат ништо. Така пред две недели австрискиот канцелар Себастијан Курц излезе во медиумите со обвинувања на сметка на ЕУ, која според него, премногу се бави со работи кои не треба да ја интересираат. Под тоа мислел на околу 1000 регулативи кои ги усвоила ЕУ, а кои носат правила кои се прилично бизарни. Истата техника ја употребил и некогашниот министер за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон, кој во кампањата за Брегзит ги критикувал смешните правила на ЕУ.

Тие правила главно се однесуваат на храната, онаа која се продава во рестораните и маркетите. Регулативите пропишуваат како треба да се пржи помфритот и шницлите и дали бананите и краставиците смеат да бидат искривени.

„Никому не му е потреба регулативаната на ЕУ за тоа како се спремаат шницли или помфрит“, навел Курц во соопштението.

А што е проблемот со помфритот?

регулативата 2017/2158 зборува за намалувањето на акриламидот во храната. Тоа е супстанва која, според стручњаците, може да биде канцерогена и се појавува обично во пржената храна. Пред да биде усвоена регулативата поранешниот австриски министер за здравје Андре Руперчестер се спротивставил затоа што тоа на крајот би довело и до забрана за прежење на познатата виенска шницла.

„Блумберг“ пишува дека од една страна е, веројатно, добро квалитетот на храната да биде изедначен во сите земји на ЕУ. Униката е во право во потфатот против таканаречените двојни квалитети на намирниците кои во источна Европа се продаваат со евтини состојки, а во западните побогати земји со поскапи. Од друга страна, малку е лицемерно да им се зборува на рестораните за брза храна како да го пржат компирот додека се дозволени алкохол и некои други опасни супстанци.

Курц споменал дури 1000 регулативи кои би требало да се отфрлат како непотребни, а шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер формирал таканаречен Одбор за регулаторен надзор кој има задача да се погрижи дека веќе нема да бидат донесени вакви регулативи.

Според извештајот на Одборот од 2018 сега се разгледува предлогот за поставување законски ограничувања за содржината на мастите во храната. Тоа е уште еден потенцијален напад на помфритот, ќебапот, питите и колачите. Ако тоа биде усвоено, веројатно, ќе влијае дури и на оние произведувачи кои наоѓаат дупки во законот, како што направија, на пример, данските пекари пред неколку години кога ЕУ пропиша да се намали содржината на циметот во традиционалните цимет ролни - ролните се рекласифицирани како традиционална или сезонска храна. 

БИЗАРНИ ПРАВИЛА 

 

Веројатно, најпознатото правило кое е најмногу исмевано благодарение на Борис Џонсон е регулативата 1333/2011 која пропишува одредени правила за бананите што се продаваат во маркетите. Регулативата пропишува дека дури и бананите од пониска класа не смеат да имаат абнормални крвини, не смеат да бидат пократки од 14 см, освен доколку не доаѓаат од одредени делови на Португалија или Грција. Не постојат никакви казни ако некој случајно продаде крива банана, а на пример, Велика Британија решила ова правило малку да го измени, па несовршеното овошје и зеленчук се нашло во продавниците.

Исти правила, како и за бананите важат и за краставиците. ЕУ во 2010 година реши еднаш засекогаш да му застане на патот на поистоветувањето на репката и келерабата. Регулативата вели - не, тоа не е исто. 

Ако можеби имате главоболка затоа што сте имале бурна ноќ, водата нема да ви помогне - така барем мисли ЕУ.

Во 2011 е усвоена регулатива во која се тврди дека научниците не нашле доказ според кој водата ја спречува дехидратацијата. Тоа би значело дека на произведувачите им е забрането својот производ да го рекламираат како нешто со што луѓето се борат против дехидратацијата. Слично е и со сувите сливи. Забрането е да се продаваат како нешто што делува како лаксатив.

„Наведените докази не се доволни да се утврди причинско -последичната врска меѓу потрошувачката на суви сливи и одржувањето на нормалната функција на цревата“, се наведува во регулативата.

Регулативите „удриле“ и на јајцата. Тие не смеат да се продаваат на праче, туку по килограм. Во Велика Британија и понатаму можете да купите пакување од 10 јајца, но нивната цена ќе се одредува според тежината.

Правилата на ЕУ, се разбира, не се однесуваат само на храната. Борис Џонсон го исмевал правилото според кое децата помали од 8 години не смеат да дуваат балони. Во регулативата всушност пишува дека децата помали од 8 години не би требало да дуваат балони без присуство на возрасни.

Британците излезот од ЕУ го дочекаа со раширени раце заради еден детал. Можат повторно да употребуваат обични сијалици, а не ЛЕД. Има уште едно правило кое после бројните критики на крајот не ја виде светлината на денот. Малку недостастуваше дијабетичарите да останат без возачки дозволи, затоа што ЕУ смета дека не се способни за возење.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата