Се урна средновековна кула во близина на Колосеумот во Рим

3.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се урна средновековна кула во близина на Колосеумот во Рим

Во драматична спасувачка операција, четворица работници се спасени, додека еден е сè уште заробен под урнатините и се трага по него, објавува „Еуроњуз“.

Кулата, изградена во 1238 година од папата Инокентиј III, е во процес на реставрација финансирана од Националниот план за обнова и отпорност на Италија, кога делумно се урна околу 11:30 часот.

Римската противпожарна бригада брзо реагираше и испрати три оперативни екипи, два камиони со скали и специјализирани единици на местото на настанот, објави Ројтерс.

Тројца работници заробени на врвот од кулата се успешно евакуирани со помош на камиони со скали, додека четвртиот бил извлечен од самата структура.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата