Родители монструми во притвор: Таткото ја силувал ќерката, мајката ја нудела на луѓе за 2.000 денари

30.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Родители монструми во притвор: Таткото ја силувал ќерката, мајката ја нудела на луѓе за 2.000 денари

Скопјанец, татко на шест деца, извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерки, а неговата сопруга, пак, мајка на децата, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест, информираше Јавното обвинителство кое денеска издаде наредба за приведување на осомничените лица.

Во акцијата приведени се три лица. Првоосомничениот татко сторил две продолжени кривични дела „родосквернавење и трговија со дете“, а останатите двајца осомничени, помеѓу кои и мајката, сториле проодлжено кривично дело „трговија со дете“.

„Првоосомничениот, татко на шест деца, од кои на три малолетни девојчиња, искористувајќи исти прилики во подолг временски период извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерка. Во исто време второосомничената злоупотребувајќи ја својата положба, како мајка на детето кое не наполнило 14 години, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест со третоосомничениот. Таа му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000 денари, а понекогаш од по 500 денари, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето – одбиело, мајката употребувала физичка сила. Исто така, првоосомничениот злоупотребувајќи ја својата положба како татко, ја продал својата ќерка, на маж од Косово кој го пронашол преку интернет. Откако бил исплатен паричен надомест од 3.000 евра, девојчето било однесено во Косово заради склучување присилен брак. По два месеци тоа дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот со оправдување дека било многу далеку не ја вратил во Косово и продолжил да врши обљуба врз својата малолетна ќерка“, соопшти Јавното обвинителство.

Во текот на денот осомничените се изведени пред судија на претходна постапка кој го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на сите осомничени со решение им определи мерка – притвор во траење од 30 дена.

„По насока на јавниот обвинител малолетничките се згрижени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку 10 години, односно 12 години за дејствијата за кои се товари третоосомничениот“, се вели во соопштението.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата