Куман се брани: Што сакате од оваа Барселона, да игра тика-така?

21.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Куман се брани: Што сакате од оваа Барселона, да игра тика-така?

Барселона се спаси од голем срам на вчерашниот дуел против Гранада, во судиското надполнување успеа да израмни на 1-1.

Уште еднаш стана јасно дека под водство на Роналд Куман нешто не е како што треба. Тој на клупата на каталонскиот гигант седна во август 2020 година, дефинитивно се мачи со тимот, со составот.

По завршувањето на дуелот тој се бранеше од критичарите.

„Погледнете го составот. Што би требало да направиме, да играме тика-така фудбал? Го направивме тоа што требаше да го направиме. Ова не е Барселона од пред осум години. Не можеме да бидеме задоволни од Гранада“, изјави Куман, кој дефинитивно ќе има голем проблем оваа сезона, особено ако се земе во предвид дека во составот го нема Лионел Меси.

Барселона е на седмото место на табелата во Ла Лига со скор од две победи и две нерешни.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата