ВИДЕОТО КОЕ СКРШИ МИЛИОНИ СРЦА: Додека му ја погребуваа сопственичката, кучето не се мрднало од ковчегот

14.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВИДЕОТО КОЕ СКРШИ МИЛИОНИ СРЦА: Додека му ја погребуваа сопственичката, кучето не се мрднало од ковчегот

Марија Изабел Бенитез Шамба починала во Еквадор минатиот месец на 95 -годишна возраст. Нејзиното семејство и пријателите присуствувале на погребот, а еден од присутните одбил да ја напушти церемонијата.

Имено, станува збор за нејзиното куче Бумер, кое за време на церемонијата се сместило покрај ковчегот и не мрднало.

Тој останал со сопственичката, исто како додека била жива.

– Можеше да се види лојалноста што постоеше помеѓу Марија и нејзиното куче – рече претставникот на погребната компанија за The Dodo.

Видеото набрзо стана вирално и растажи многу корисници на Интернет ширум светот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата