Првото пратеничко прашање на Димитар Апасиев, пратеник на Левица, беше – барање да се реновира куќата во Велес на семејството Апасиеви.

Иако има стотина куќи како на Апасиеви кои чекаат ред за реновирање од државни пари, малкумина очекуваа дека владата толку брзо и ефикасно уште еднаш ќе го дарува Димитар Апсиев.

Уште еднаш затоа што не е прв пат.

Во 2016 година Димитар Апасиев стана советник на Катица Јанева во СЈО, за што земал 5.000 евра (300.000 денари). СЈО беше ударна машина за гонење и терор на опозицијата и во него влегоа најголемите јастреби на власта меѓу кои и Димитар Апасиев, а Катица Јанева која ја советувал е осудена за тежок вид на корупција.

Во 2019 година власта реши во спорот за лидерство во Левица помеѓу Димитар Апасиев и Здравко Савевски судот, според стандардната процедура за “немешање на владата во судските процеси“ реши дека лидер на Левица е Димитар Апасиев по што, симптоматично, оттогаш наваму Димитар Апасиев стана најголем критичар на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицковски.

Сега гледаме трета награда од власта за потребите на Димитар Апасиев. Иако долго се чека на ред за поставување пратеничко прашање, приоритетно прашање на Димитар Апасиев беше дали Министерството за култура планира да преземе итни мерки за санација и реконструкција на неговата семејна куќа „поради реалната опасност од блиско рушење“!

По добивањето на одговорот, на крајот на минатата година, пратеникот Апасиев не ја извести јавноста за причините зошто бил само делумно задоволен од одговорот. Но, по објавувањето на резултатите од Годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година, Димитар Апасиев има причини да биде задоволен, иако се уште оваа информација ја крие од јавноста.

Имено, за изработка на „Основен проект за конзерваторско-реставраторски работи на куќа на улица „Вера Циривири Трена“ бр. 21 (стара адреса ул. „Петар Михов“ бр. 3) во Велес“, Министерството за култура има издвоено 80.000 денари. Како што може да се види од изводот од Катастар, семејната зграда на улица „Вера Циривири Трена“ бр. 21 со три стана и помошни простории е во сопственост на таткото на пратеникот Апасиев.

Како што претходно пишуваше велешкиот портал Дума.мк, „Најнапред оваа куќа била на трговското семејство Боцеви . Подоцна куќата ја купиле бавчаванџиите Аликарови, од Башино Село кои му ја препродале на Пано Апасиев со синовите Јованче и Диме и ќерката Васа“.

Зошто семејството Апасиеви, како и сите други граѓани, не вложува свои пари во зачувување на семејната куќа, туку упорно бара помош од државата? Димитар Апасиев на Фејсбук се фалеше со фотографии од неговата луксузна и скапа кујна во новиот стан во Скопје, а не дал ни денар да ја зачува од рушење семејната куќа во Велес туку бара, и добива, пари од власта за таа потреба.