Skip to main content
x

4 May 2021 - 19:30
redakcija
Статија

Не стивнуваат скандалите во Министерството за образование! Недоделувањето на наградата „Гоце Делчев“ предизвика жестоки реакции на социјалните медиуми. Споделувајќи ја објавата на Нова Македонија за утрешните колумни на ,академиците Коцарев и Ќуљавкова, Роберт Вељановски распали по Мила Царовска

Денеска министерката за образование и наука Мила Царовска не организирала свеченост за доделување на највисоката награда за наука во Македонија која го носи името на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, пренесува порталот Експрес.

Министерството за образование и наука кое го води Мила Царовска, не ја испочитува законска регулатива и денесказа прв пат по повеќе децении не ја додели највисоката научна награда за 2020 година.

Од министерството денеска немаше официјално соопштение зошто не се доделува оваа награда во чест на Делчев.

Конкурсот за наградата е распишан уште во текот на минатата година и во него специфично стои дека наградата требало да биде доделена денеска.

Дали недоделувањето на наградата е дел од политичките комбинаторики на Пендаровски и Заев кои денеска не се појавија на гробот на Делчев или се работи за други причини, од МОН не соопштуваат.

Конкурсот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ беше објавен врз основа на Законoт за државните награди („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2006, 54/07 и 74/12), Правилникот за работа на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/09, 25/11, 9/15 и 1/16) и Записникот од првата седница на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ одржана на 09.12.2020 година,  Рокот за поднесување на предлозите за доделување на наградата истече на  15.02.2021 година.