Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, кој дојде како позајмен играч во Ајнтрахт Франкфурт, постигна два гола уште на првиот натпревар за германскиот клуб. Јовиќ помина само 32 минути на теренот, земајќи го предвид и дополнителното време, а веќе постигна идентичен број погодоци како за целиот период минат во Реал.

Јовиќ постигна два гола за Реал Мадрид откако преистигна во Мадрид, но за тоа му беа потребни 32 натпревари.

Јовиќ се пресели во Реал Мадрид од Ајнтрахт Франкфурт во 2019 година за 63 милиони евра.