Влезе во историјата на Мундијалите: Гави како Пеле, Сонг, Ето…

15.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Влезе во историјата на Мундијалите: Гави како Пеле, Сонг, Ето…
фото: BeFootball @_BeFootball (X)

Шпанскиот репрезентативец Гави стана шестиот фудбалер во историјата на СП кој играл на две Светски првенства на возраст до 21 година.

21-годишниот играч од средниот ред на Барселона беше во почетниот состав на Шпанија за првиот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година против Зеленортските острови.

На претходното Светско првенство, Гави играше во секој од четирите натпревари на репрезентацијата.

Само пет фудбалери во историјата претходно успеале да играат на две Светски првенства до 21 година: Пеле, Норман Вајтсајд, Ригоберт Сонг, Саломон Олемба и Самуел Ето.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата