Тинејџерка во Сараево ЗАТВОРИЛА И МАЧЕЛА ДВАЈЦА МАЖИ

15.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тинејџерка во Сараево ЗАТВОРИЛА И МАЧЕЛА ДВАЈЦА МАЖИ

Тинејџерката Арабела Авдиќ (19), е уапсена во акцијата „Липа“, и ќе биде притворена 24 часа, објави Обвинителството на кантонот Сараево.

- Уапсената 19-годишна девојка е осомничена за кривични дела нанесување тешка телесна повреда, противправно лишување од слобода и неовластено производство и дистрибуција на наркотични средства. Таа ќе биде задржана во траење од 24 часа и за понатамошните мерки ќе се одлучува откако во тој законски рок ќе се испита вршителот на должноста обвинител , изјави портпаролот на Обвинителството на КС Азра Бавчиќ.

Авдиќ во мај оваа година затворила двајца мажи во станот во населбата Алипашино Поле, а потоа ги тепала и им нанесувала повреди со нож.

При претресот на станот пронајдени биле хероин, амфетамин, канабис и други предмети што ќе се користат како доказ во кривичната постапка.

Арабела Авдиќ и е позната на полицијата подолго време.

Во декември минатата година, полицијата ја пронашле Арабела Авдиќ заедно Семир Зорниќ . Тие се возеле со „Рено“ што Зорниќ го украл на 4 ноември во населбата Отес, а кај Арабела биле пронајдени 14 пакетчиња марихуана и пакетче „спид“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата