Српските земјоделци в понеделник излегуваат на протести во Нови Сад

12.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српските земјоделци в понеделник излегуваат на протести во Нови Сад

Земјоделци од шест здруженија во Србија најавија дека ќе започнат протест в  понеделник, 15 септември напладне, со трактори пред зградите на Владата и Собранието на Војводина поради неисполнети претходни барања за гориво, кредити и долгови кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО).

Претседателот на Иницијативата за опстанок на српските земјоделци, Горан Филиповиќ, за агенцијата Бета изјави дека кон неисполнетите барања од претходните договори со Министерството за земјоделство, додале и барање за помош од 300 евра по хектар за регистрирани обработливи и овошни насади во системот е-аграр.

Како што изјави, протестот ќе започне напладне и ќе трае еден ден, а во случај државата да не ги исполни нивните барања во рок од десет дена, тие ќе продолжат со протестите, а ги повикаа граѓаните да ги поддржат.

Одлуката за протестот беше донесена синоќа.

Филиповиќ рече дека состојбата во земјоделството е неодржлива и дека сушата уништила од 50 до 100 проценти од родот на пченка и соја, како и други култури и овошје, и дека Министерството за земјоделство „молчи“.

Тој исто така истакна дека земјоделците повеќе нема да започнуваат разговори со надлежното министерство, бидејќи не го почитуваат договорот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата