Денеска на Вембли се игра финалето во Националната лига поточно финалето на плеј-офот за влез во четвртата англиска лига. На мегдан се Харогејт и Нотс Каунти, два клуба кои постојат преку 100 години.

Нотс Каунти е најстариот профи-фудбалски клуб формиран уште во 1862 година меѓутоа поради финансиски колапс прогласи банкрот и од оваа сезона тргна од петтиот ранг. Па уште денес може да се искачи едно скалило погоре доколку го совлада својот ривал.

Харогејт е клуб од северен Јоркшир кој целата своја историја, а постои 106 години, ја поминал во ниските англиски дивизии.

Напаѓачот на Харогејт Џон Стед, кој минал четири сезони во Нотс Каунти пред да им се придружи на „жолто-црните“ минатото лето, вели дека се работи за два различни клуба.

„Постои голема разлика помеѓу Харогејт и Нотс Каунти. Богатата историја и постојаната трка по надоградување е она што го прави Нотс Каунти голем, солиден клуб, за разлика од Харогејт кој е мал фамилијарен клуб. Сите имаа две или три работи. Имаме мал стручен кадар, менаџер, асистент и тренер на голманите. Толку. Знаеме некогаш да дојдеме и  да помогнеме во реновирање на соблекувалните, да искречиме, да поправиме нешто…“, изјави Стед, кој има 37-години.

Пред три децении кога Нотс Каунти играше во елитната англиска лига, Харогејт играше во осмата лига. Пред три сезони Харогејт преку плеј-офот избори место во петтата лига (Национална лига) и сега ќе брка пласман во Лига 2 (четврта по ранг).

„Тоа е авантура како од бајките. За овој клуб секој натпревар е историски, па и ова финале“, додава Стед.

И двете екипи влегуваат во клинч во добри форми. Харогејт последен пат изгубил во јануари, додека Нотс Каунти во февруари со тоа што е во серија од пет победи по ред во кои постигнуваше најмалку по два гола.

Единствениот меѓусебен дуел сезонава му припадна на Нотс Каунти со 2:0.

 

НАЦИОНАЛНА ЛИГА
ПЛЕЈ-ОФ (ФИНАЛЕ)

ХЕРОУГЕЈТ – НОТС КАУНТИ
недела, 16:00 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ: КТ 2  или КМБ Х2&2-3