В понеделник конститутивната седница на српскиот Парламент

1.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
В понеделник конститутивната седница на српскиот Парламент

В понеделник ќе се одржи Конститутивната седница на Собранието на Србија, на која ќе бидат потврдени мандатите на народните пратеници.

Тогаш ќе бидат избрани и претседател на Националното собрание, заменик претседател, именување на генерален секретар на Националното собрание и избор на членови на работни тела.

Изборите за пратеници на Собранието на Србија се одржаа на 21 јуни, а српското Собрание има 250 пратеници.

Според резултатите од изборите, листата „Александар Вучиќ – за нашите деца“ на Српската напредна партија (СНС) ќе има 188 пратеници, листата на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и Единствена Србија (ЈС) освоија 32 мандати и изборната листа СПАС на Александар Шапиќ ќе има 11 пратеници.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата