ИЧ ДА НЕ ВИ Е ЖАЛ ШТО НЕ СТЕ ТАМУ: Погледнете колку чини појадок на море, во Црна Гора

19.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИЧ ДА НЕ ВИ Е ЖАЛ ШТО НЕ СТЕ ТАМУ: Погледнете колку чини појадок на море, во Црна Гора

Црногорците ги затворија границите за Македонија и Србија и, во недостаток на гости, ги дигнаа цените до небо за да ја спасат сезоната барем за некој од нив со многу поголема заработка од туристите кои веќе дошле.

Имено, погледнете фискална сметка од плажата Жанице во Херцег Нови, од која ќе се изненадите и ќе ви одмили седење на црногорското приморје.

Парче сланина за појадок чини 11,50 евра, гостите од ресторанот нарачале два порции.

Потоа, домашна пршута (од 100 грама) е 8,50 евра, порашана исто така два пати ... А сирењето со масло од 100 грама е 7,5 евра.

Она што е можеби највпечатливо е салатата од домати од 150 грама, која чини - 6 евра! 

Гостинот од Србија кој го платил овој појадок од 83 евра вели дека не само што е прескапо, туку персоналот во Црна Гора е арогантен до ниво кое тешко дека ќе го видите на друго место.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата