Во Сеул ќе се изгради првиот цивилен бункер отпорен на нуклеарен напад

13.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Сеул ќе се изгради првиот цивилен бункер отпорен на нуклеарен напад

Предвидено е да се изгради засолниште за 999 домаќинства, дизајнирано да издржи нуклеарни, биолошки или хемиски напади.

Бункерот во подрумот на станбениот комплекс ќе се простира на 2.147 квадратни метри, ќе може да смести до 1.020 луѓе истовремено и ќе биде опремен за 14-дневен опстанок.

На минатонеделната воена парада Северна Кореја ги претстави своите најнови балистички ракети способни да носат нуклеарни боеви глави до цели во Јужна Кореја или дури и во САД.

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг изјави дека најреалниот начин за намалување на ризикот од Северна Кореја е да го замрзне производството на нуклеарни бомби и ракети, но Пјонгјанг досега ги отфрли дипломатските понуди.

Во Јужна Кореја има речиси 19.000 нуклеарни засолништа, од кои 3.200 се во Сеул, но поголем број од нив не се изградени за заштита од нуклеарни, хемиски или биолошки напади. Тие се наоѓаат претежно во метро станиците или подрумите и паркинг гаражите во приватни резиденции и канцелариски згради. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата