Тајната на долговечноста на 108- годишна Британка: Наместо деца, чував кучиња

13.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тајната на долговечноста на 108- годишна Британка: Наместо деца, чував кучиња

Својата долговечност ја припишала на необична животна одлука: наместо деца, решила да има кучиња. Во интервју за Би-Би-Си, таа се присетила на својата младост исполнета со друштво на бројни хртови и се пошегувала дека токму тоа е причината зошто живеела толку длабока старост.

Нејзиниот совет за долговечност бил едноставен: „Само продолжете понатаму“. Во нејзините постари денови, таа уживала во друштвени игри, а нејзина омилена била играта домино.

Немала деца, но имала стотици пријатели

Бидејќи немала деца или внуци, останала без блиско семејство во староста. Но, во Домот за стари лица Коднор Парк, каде што ги поминала последните години, брзо одлучиле дека заслужува посебен роденден. Кели Гушер, координаторка на активности, започнала повик на локална Фејсбук страница со цел да добие барем 108 картички за Ада на нејзиниот 108-ми роденден.

Одѕивот бил над сите очекувања. „Следното утро се разбудив и видов 135 пораки од луѓе кои сакаа да испратат честитки“, рече Кели. На крајот, Ада доби повеќе од 300 честитки од целиот свет.

Чиститка од Бакингемската палата

Заедно со стотици честитки, Ада доби и многу подароци, балони и натписи со нејзиното име и слика на нејзиниот роденден. Најпосебното изненадување дојде од Бакингемската палата. Кралот Чарлс III ѝ испрати честитка на која пишуваше: „Јас и сопругата сме исклучително среќни што знаеме дека го славите вашиот сто и осми роденден. Ви испраќаме најтопли честитки и искрени желби во една ваква посебна пригода.“

Во Обединетото Кралство, вообичаено е секој граѓанин кој ќе наполни 100 години, како и секој следен, да добие честитка од владетелот.

„Секако дека мора да се насмевнете“

Кога ја прашаа што мисли, дали насмевката е неопходна за долг живот, Ада веднаш одговори: „Да. Секако дека мора!“

За жал, 108-от роденден на Ада беше и нејзиниот последен. Во ноември 2023 година, од домот за стари лица пристигна вест дека таа починала. Сепак, благодарение на несебичноста и топлината на непознати луѓе, таа го прослави својот последен роденден опкружена со внимание, подароци и љубов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата