САД ги поништуваат визите на странските државјани поради коментарите за Кирк

15.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД ги поништуваат визите на странските државјани поради коментарите за Кирк

Визи се укинати за државјани на Германија, Мексико, Аргентина, Јужна Африка, Бразил и на Парагвај. Стејт департментот наведе дека визите се укинати поради нивните онлајн коментари по повод смртта на Кирк.

Германски државјанин ја прослави смртта на Кирк и се обиде да го оправда неговото убиство, пишувајќи „кога фашистите умираат, демократите не се жалат“, се посочи Стејт департментот на Икс.

- САД немаат обврска да бидат домаќини на странци кои им посакуваат смрт на Американците, истакна Стејт департментот и најави дека ќе продолжи да ги идентификува носителите на визи кои „го прославија гнасниот атентат“ врз Кирк.

Кирк беше застрелан на настан на Универзитет во американската сојузна држава Јута на 10 септември. Смртта на истакнатата конзервативна политичка и медиумска фигура имаше големо политичко влијание во САД.

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја обвини „радикалната левичарска“ реторика за нападот, додека според неговите противници, неговите коментари придонеле за национална поделба.

Стејт департментот во септември предупреди дека странските државјани би можеле да се соочат со одземање на визи доколку го оправдаат нападот врз Кирк. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата