Нивната приказна е повторно објавена на социјалните мрежи и привлече голем интерес кај корисниците.
Заклучена врата во подрумот
Во неколку наврати, младите мажи слушнале чудни звуци што доаѓале од подрумот. Покрај тоа, пронашле отворени фиоки во кујната и бањата, а светлата во собите биле вклучени, дури и кога никој од нив не бил внатре.
Љубопитни и исплашени, тие решиле да ја истражат мистеријата, а првата станица била подрумот - каде што наишле на заклучена врата.
Марк Хартман, еден од станарите, им кажал на локалните медиуми:
„Неколку пати, кога мојот цимер Брет бил долу, слушал чудни звуци. Но, кога се обидувал да ја отвори вратата, таа секогаш била заклучена“.
Откриена е шокантната вистина
Ситуацијата ескалирала кога Брет, додека повторно го истражувал подрумот, неочекувано видел мистериозен човек!
„Тој беше целосно изненаден, но го праша непознатиот човек што прави таму. Тој одговори дека се вика Џереми, но не одговори на други прашања и едноставно ја напушти куќата“, објасни Марк.
Со помош на полицијата, студентите успеаја да ја отворат вратата и да откријат соби во подрумот, кои некој ги користел, заедно со фотографии, книги, телевизор и гардеробер!
Тогаш ја сфатија шокантната вистина - Џереми живеел во нивниот подрум со години, без да плаќа кирија, користејќи ја страничната врата и избегнувајќи да биде забележан.
Како што се испоставило, неговиот братучед живеел во куќата претходните години, што му овозможило да влезе во просторот за прв пат, објавува Мирор.
„Доволно пристоен човек“
Марк рече дека нема докази дека Џереми ја користел нивната храна или влегувал во нивните соби, а тој имал пристап само до бањата во подрумот и мијалникот што можел да го користи за перење алишта.
Иако ситуацијата била ризична, Џереми се покажал како „доволно пристоен човек“, како што го нарекоа младите станари, кои с еплашеле дека внатре има духови.
„Дефинитивно можеше да заврши и полошо“, рече еден од нив.

