Мелони и двајца италијански министри тужени пред МКС за соучество во геноцид поради поддршката за Израел

8.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мелони и двајца италијански министри тужени пред МКС за соучество во геноцид поради поддршката за Израел

„Јас, министерот Крочето (Гвидо, министер за одбрана), министерот Тајани (Антонио, министер за надворешни работи) и верувам дека извршниот директор на Леонардо, Роберто Чинголани, станавме предмет на тужба од МКС за соучество во геноцид“, рече таа ноќеска во телевизиска емисија.

„Не мислам дека постои друг случај на ваков вид тужба во светот или во историјата“, додаде италијанската премиерка.

Леонардо е италијанска група за аеронаутика и одбрана.

Тужбата, поднесена на 1 октомври, е изготвена од група која се нарекува „Адвокати и застапници за Палестина“ и потпишана од околу педесет лица, вклучувајќи професори по право, адвокати и неколку јавни личности.

„Со својата поддршка на израелската Влада, особено преку снабдување со смртоносно оружје, италијанската Влада стана соучесник во актуелниот геноцид и тешките воени злосторства и злосторства против човештвото извршени против палестинското население“, наведоа авторите на тужбата.

Тие бараат од МКС да размисли за започнување формална истрага за нивната жалба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата