Како прељубниците ви го кријат неверството пред нос и кои тајни кодови ги користат!

8.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како прељубниците ви го кријат неверството пред нос и кои тајни кодови ги користат!

Никој не сака да биде жртва на прељуба, бидејќи кога ќе дознаете дека ве изневериле, секогаш прво ќе се обвинувате себеси и ќе се прашувате како ништо не сте забележале на време. Според приватниот детектив Пол Еванс, прељубниците сè почесто користат посебни апликации за делење на календарот за да ги сокријат трагите.

Овие апликации го олеснуваат криењето, зашто на прв поглед изгледаат како невини договори, закажани прегледи или работни состаноци. Еванс објаснува дека честопати тие внесувања во календарот, всушност, се покритие за нешто друго. Во неговата пракса, откриени се случаи каде истиот термин бил користен секоја недела, секогаш на различни локации, без трага на реалната работа.

Тајни кодови

Еванс истакнува дека прељубниците отишле толку далеку што креирале тајни кодови кои опишуваат каде ќе се состанат, како на пример, „тимски ручек“, или „разговор со клиент“. Иако текстуалните пораки обично се прв предмет за сомневање во партнерот, тие лесно се бришат.

Наспроти нив, апликациите за календар се неупадливи и овозможуваат скриена комуникација, делење приватни информации или дури испраќање пораки на привремени меил адреси, сето тоа без да се предизвика сомнеж.

Како да ги препознаете знаците за тревога

Ваквите апликации, според детективот, може да останат незабележани со месеци, бидејќи никој не се сомнева во „деловните известувања“.

Оние кои се сомневаат во партнерот, Еванс ги советува да обратат внимание на обрасците на однесување. На пример, ако партнерот често изгледа како да „работи до доцна“ во вторник, но нема повици, мејлови или објаснување, тоа би можело да биде знак за загриженост.

Исто така, детективот укажува на „несоодветно однесување“ – на пример, одеднаш се опседнати со телефонот или распоредот не одговара на реалноста.

Ваквите ситници може да бидат клучни во откривањето прељуба, бидејќи повеќето афери почнуваат да се распаѓаат кога луѓето ќе откријат ситни, но важни нелогичности во однесувањето на својот партнер, пренесува Метро.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата