Вотерсајд се наоѓа во близина на аеродромот Хитроу.
Пилотот (кој работи за „Бритиш ервејс“ повеќе од две децении) бил постојано сниман од безбедносните камери како зема храна и пијалоци од самопослужната кафетерија, а потоа, наместо да ги скенира баркодовите и да плати, си заминувал со парите во џеб и храната и пијалоците во раце.
Инструкторот по летање ги обучува и сертифицира идните капетани за летање со „Ербас А380“. Тоа е најголемиот авион во флотата на британската компанија, а со оглед на искуството и знаењето на пилотот - неговата годишна плата исто така е голема: околу 170.000 фунти.
Откако бил сниман од камерите, капетанот бил повикан на разговор со менаџментот. Иако однесувањето било повторено, тој добил само опомена, без сериозна дисциплинска мерка, иако е едноставно неверојатно дека некој што заработува 170.000 фунти годишно би крадел за да заштеди неколку пени.
Во истиот извештај се наведува и дека неколку високи менаџери биле забележани како не плаќаат за храна и пијалоци, а им биле дадени и предупредувања, пишува AviationATO h. Сепак, благиот одговор предизвика критики, бидејќи се верува дека персоналот од понизок ранг, како што е кабинскиот екипаж кој заработува помалку од 30.000 фунти годишно, веројатно би бил отпуштен за истото дело.
Во меѓувреме, „Катар ервејс“ отпушти член на кабинскиот екипаж по потврден случај на кражба за време на лет во бизнис класа помеѓу Меѓународниот аеродром Доха и аеродромот во Сингапур.
Кражбата се случила на 28 март 2025 година, кон крајот на летот Доха-Сингапур. Патник во бизнис класа накратко го оставил телефонот во тоалетот пред да слета во Сингапур. Кога се вратил неколку моменти подоцна, уредот го немало. Последователните следења покажале дека телефонот се наоѓал во хотел за екипаж во Сингапур, а потоа бил преместен на Филипините.