Драгица Стевковска Дракче за Канал 5: „Добив порака: ‘Колку ве плаќаат за да бидете болни?’ Тоа беше многу грозно“

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драгица Стевковска Дракче за Канал 5: „Добив порака: ‘Колку ве плаќаат за да бидете болни?’ Тоа беше многу грозно“

По подолга пауза, нашата Дракче повторно е во акција — овој пат ја снима третата сезона на нејзината позната емисија, а при ова гостување ни откри и зошто точно направила толку долга пауза.

„Дракче е научена да оди по еден трнлив пат кој се однесува на здравјето, но овој пат проблемот не беше здравствен во смисла на болест. Не стануваше збор за болест што го нападнала мојот организам. Се случи несреќа – паднав по скали. Мислев дека нема ништо сериозно, дека ќе помине, но по две недели се појавија првите симптоми – вртоглавици, повраќање – и кога направивме рендген снимка, ми кажаа дека итно морам на кардиологија, затоа што срцето само што не експлодирало,“ изјави Дракче за нашата утринска програма.

Дракче морала да го санира срцето цели три месеци, а никој не знаел низ што поминува, бидејќи секојдневно доаѓала на работа, насмеана, снимајќи емисии, пречекувајќи гости и дружејќи се со колегите. Но потоа се случило следново:

„Продолжи терапијата со инекции, коктели, масажи, со стотици алтернативни методи. Сè додека не се онесвестив овде, во самото студио. Кога направивме компјутерска снимка, се виде дека всушност шест месеци сум работела со скршено колено, другото напукнато. Кичмата во ужасна состојба  – станав тежок пациент,“ ни раскажа Дракче.

Она што ја движело сите овие месеци била поддршката од нејзиното семејство, но Дракче не ја заборава и љубовта што ја добила од својата публика.

„Сакам да му се заблагодарам на македонскиот народ. Толку голема поддршка од луѓето што велеа: ‘Дракче, да ти помогне Бог повторно да се појавиш на екраните.’ Благодарам и на црковните храмови што палеа свеќи,“ спомна таа.

Притоа, зборуваше и за негативните коментари што ја шокирале:

„Во ова време, не дека не се чувствуваме сакани – публиката си одбира лик што го обожава, па каков и да е. Но, за жал, владее една злоба меѓу луѓето, една несигурност дека можат нешто да постигнат сами, па затоа напаѓаат преку социјалните мрежи, преку медиумите, сакајќи да омаловажат некого. И, за жал, кога ќе ги читате коментарите – било да е тоа за мене, за Верче, за Александра или за било која јавна личност – во илјадници коментари ќе најдете барем пет-шест што се груби и навредливи,“ рече Дракче.

Таа сподели и една особено непријатна ситуација:

„Добив порака: ‘Колку ве плаќаат за да бидете болни?’ Тоа беше многу грозно. Имаше и други, како: ‘Добро што бевте на покајание на Божјиот гроб и добро што ве освести Господ. Вие толкувавте соништа, па затоа сте болни,’“ раскажа Дракче за коментарите што ги добила.

Новата сезона на „Гответе со Дракче“ започнува на 17 ноември, и тоа баш во понеделник, најави Дракче во емисијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата