Чудовиште од 200 кг. ја затна градската канализација во Мексико, се шокирале кога го извлекле

19.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чудовиште од 200 кг. ја затна градската канализација во Мексико, се шокирале кога го извлекле

Официјалните лица објавија дека поради чудовиштето, долго три метри и тешко 200 килограми, протокот на вода бил намален за 70%, пишува Daily Star.

Додека работниците ја чистеле градската пумпна станица, слушнале необична бучава, а по понатамошна истрага, во калта бил пронајден монструозен крокодил.

Припадниците на локалната Цивилна заштита пристигнале на лице место и помогнале во опасниот потфат, а објавените фотографии најдобро го илустрираат нивниот шок.

„Откако беше извлечен, крокодилот беше префрлен во неговото природно живеалиште“, соопштија локалните власти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата