Бајден ја заврши радиотерапијата за агресивен рак на простата

21.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бајден ја заврши радиотерапијата за агресивен рак на простата

Портпаролката на Бајден, Кели Скали, потврди за Си-Би-Ес Њуз дека поранешниот претседател, кој следниот месец ќе наполни 83 години, вчера завршил неколкунеделна радиотерапија во Центарот за радиологија и онкологија Пен во Филаделфија во процесот на лекување на малигната болест на простатата.
 

Ешли Бајден, ќерката на поранешниот претседател, објави кратко видео од својот татко на Инстаграм. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата