Во текот на вчерашниот ден на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 250 мигранти

22.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во текот на вчерашниот ден на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 250 мигранти

Во близина на градот Ираклио на Крит, биле откриени 97 лица, меѓу кои и девет деца, кои пристигнале со чамец и безбедно биле пренесени на пристаниште.

Меѓу спасените биле и двајца државјани на Судан, кои останатите ги посочиле како криумчари и се уапсени, а чамецот во вечерните часови во неделата отпловил од либиското крајбрежје кон Грција.

Исто така во близина на Ираклио бил откриен уште еден чамец со 26 мажи и две деца, а и во овој случај еден судански државјанин бил уапсен како криумчар.

Во близина на плажа на малиот остров Гавдос, најјужната точка на Грција, бил откриени 101 мигрант, сите мажи, а паралелно брод на Фронтекс интервенирал за спасување на 19 мажи, 13 жени и десет деца, кои со гумен чамец биле во близина на островот.

Сите 143 лица од двата случаи биле префрлени на Крит и сместени во привремениот центар за прием на островот./МИА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата