Во Србија се преврте автобус полн со патници- најмалку двајца загинати

17.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Србија се преврте автобус полн со патници- најмалку двајца загинати

Според неофицијални информации, двајца патници загинаа, а најмалку 10 лица се тешко и полесно повредени. Патниците во моментов се евакуираат од автобусот, но бројот на патници, нивната состојба и причината за несреќата сè уште не се познати, објави Телеграф.

Ве потсетуваме дека сообраќајот на патот од Засавица до Рума во моментов е затворен поради велосипедска трка.

Од правецот на Сремска Митровица кон Рума, забележлив е зголемен број на амбулантни и полициски возила, кои се движат кон Јарак.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата