Како што соопшти ЕК, со одлуката се предвидува исплата на првата транша во рамки на Планот за Албанија во износ од 99,3 милиони евра и на втората транша за Црна Гора од 8,1 милиони евра.
Од средствата за Албанија, 46,2 милиони евра ќе бидат исплатени директно во државниот буџет, а преостанатите ќе бидат наменети за финансирање на инфраструктурни проекти преку Инвестицискиот фонд за Западниот Балкан (ВБИФ). Во случајот на Црна Гора, пак, 3,8 милиони евра се наменети директно за државниот буџет, а остатокот ќе биде исплатени преку Фондот.
Овие инвестициски средства, чија исплата треба да биде одобрена од Одборот на Фондот, ќе бидат наменети за поддршка на инфраструктурни проекти во областа на одржливиот транспорт, чистата енергија, дигиталниот сектор и развојот на човечки капитал.
- Ваквата одлука претставува признание за значајните реформи што ги спроведоа овие партнери за подобро усогласување со стандардите на ЕУ, посочи Еврокомисијата.
Целта на Планот за раст е да ги подготви на кандидатите за членство од Западниот Балкан за пристапување во ЕУ и да ги приближи до блокот со тоа што ќе им обезбеди одредени придобивките уште пред целосната интеграција.
На овој начин, се очекува да се забрза на процесот на проширување на ЕУ и да се поттикне растот на економиите на земјите кандидати за членство од регионот.