Ужас во Бугарија: Маж ја убил тетката, мајката и сестрата, па ја запалил куќата- 7- годишниот брат едвај се спасил

21.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Бугарија: Маж ја убил тетката, мајката и сестрата, па ја запалил куќата- 7- годишниот брат едвај се спасил

Несреќата се случила околу 4 часот наутро, објави Новините.

Според прелиминарните извештаи, осомничениот ја застрелал својата 73-годишна тетка, 47-годишната мајка, 13-годишната сестра и 7-годишниот брат.

И покрај повредите, момчето успеало да избега од куќата што горела и ги известило властите, давајќи клучни информации за нападот.

Екипите на полицијата и брзата помош од општина Руен и противпожарната служба Ајтос брзо реагирале.

Тие го изгаснале пожарот и пронашле три јагленисани тела во куќата.

Седумгодишното момче, иако повредено, е хоспитализирано и наводно не е во животно загрозувачка состојба.

Наводниот сторител е уапсен во 9:35 часот, по брзи оперативно-истражни мерки спроведени од страна на службеници на Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас.

Окружното обвинителство во Бургас започна прелиминарна истрага за случајот.

Процедуралните и истражните дејствија се во тек и се спроведуваат под надзор на обвинителството, додека властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на несреќата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата