Курти подготвен да ги прими во Косово барателите на азил од Велика Британија

22.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Курти подготвен да ги прими во Косово барателите на азил од Велика Британија

Курти за британскиот весник „Тајмс“ изјави дека сакаат да му помогнат на Обединетото Кралство.

„Сметаме дека е наша пријателска и политичка должност. Имаме ограничен капацитет, но сакаме да помогнеме, а во моментов има редовна комуникација меѓу нашите тимови“, нагласи Курти и додаде дека Косово, би сакало првенствено да добие поддршка во областа на безбедноста, или преку стратешки договори, или преку опрема и проекти...

Неодамна, косово се согласи да прими 50 мигранти од трети земји кои престојуваа во САД, а беше споменато како можна локација и за сместување на затвореници од Белгија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата