САД му ги укина санкциите на Додик

29.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД му ги укина санкциите на Додик

Санкциите беа укинати за Милорад Додик, Жељка Цвијановиќ, семејството Додик, нивните компании и многу други блиски соработници.

Во петок, 17 октомври, OFAC ги укина санкциите за четворица блиски соработници на Додик, кои првично беа ставени на црната листа за организирање и промовирање на неуставниот „Ден на РС“. Станува збор за Јелена Пајиќ Баштинац, Данијела Драгичевиќ, Горан Раковиќ и Дијана Миланковиќ.

Договор со позадина

Неофицијални извори тврдат дека укинувањето на санкциите доаѓа како резултат на договор меѓу САД и Додик, според кој Додик, по конечната пресуда, морал да ја напушти функцијата претседател на РС и да назначи вршител на должноста претседател.

Откако Ана Тришиќ-Бабиќ беше избрана за вршител на должноста претседател на Република Српска, исполнувајќи го тој дел од договорот, Америка постепено ги укинува санкциите за другите соработници на Додик, а овој процес треба да биде завршен до крајот на овој месец.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата